Aпарат за коронарен стрес тест предаден во ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Охрид. Оваа напредна медицинска опрема, како што информираат од Центарот за развој на Југозападен плански регион овозможува прецизна евалуација на функцијата на срцето при физички напор, што е клучно за рано откривање на кардиоваскуларни заболувања.

Апаратурата овозможува детекција на коронарна артериска болест, аритмии и други срцеви нарушувања. Идентификува потенцијални срцеви проблеми пред појавата на симптоми. Истата е опремена со најсовремени сензори и системи за контрола на пациентот за време на тестирањето, а добиените резултати помагаат во одредување на најсоодветниот третман и следење на ефикасноста на терапијата, информираат од Центарот.

Набавката на апаратурата е преку проект имплементиран од Центарот за развој на ЈЗПР,  финансиран преку Министерство за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација / Швајцарска агенција за развој и соработка во вредност од 930.000,00 денари.

OhridNews