Во еден од поинтересните натпревари на почетокот од Австралија Опен во машка конкуренција, Денис Шаповалов во пет сета го победи Јаник Синер. Мечот покрај добриот и квалитетен тенис го одбележа „дуелот“ на Шаповалов со главниот судија, кој прво одби, а потоа му дозволи на Канаѓанецот да оди во тоалет.
Што ако одам во тоалет? Дали ќе ме казниш? Не ми е гајле. Не можам да издржам, ќе мокрам во гаќи, овде на терен. Не можете да им забраните на тенисерите да одат во тоалет. – беа зборовите, кои тенисерот ги упати кон главниот судија. Шаповалов го искористил за пауза во сетот, повикувајќи лекарска помош.
„Дуелот“ на Шаповалов и главниот судија.
Викторија Азаренка сензационално елиминирана од Австралија Опен
Минатогодишната финалистка на УС Опен, Викторија Азаренка, учеството на Австралија Опен го заврши во првата рунда, претпувајќи шокантен пораз од американската тенисерка Пегула во два сетови (7-5, 6-4).
За белорусинката ова е големо разочарување, затоа што според сите најави и проценки, таа требаше да биде најмалку во топ 8, но испадна во првата рунда.
OhridNews