Францускиот тенисер Гаел Монфис во првата рунда ги заврши мечевите на Австралија Опен, откако пораз во четири сетови (1-3) претрпе од Финецот Емил Русувуори. 10-от носител на АТП листата не го криеше разочарувањето после елиминацијата и со солзи во очите се сретна со медиумите.

Играм лошо. Не можам да погодам ниту еден удар, ништо не ми оди од рака, а тренирам и работам напорно. Медиумите се многу строги. Се чувствувам како да лежам за земја, а медиумите со сите сила ме удираат. Сакам да побегнам од овој кошмар но не можам. – рече Монфис.

Французинот пред пандемијата на коронавирусот имаше во пад во формата, а претходно играше многу добро и беше дел од повеќе завршници на грен слем и мастерс турнирите.

Покрај елиминицијата на Монфис изненадување на стартот од австралискиот грен слем турнир е поразот на шампионката од 2016 година Анжелик Кербер, која во првото коло изгуби од Бернанда Пера. Американката Пера славеше во два сетови.

OhridNews