Романската тенисерка Сорана Михаела Кирстреа го приреди најголемото изненадување во втората рунда од Австралија Опен, елиминирајќи ја осмата тенисерка на АТП листата Петра Квитова, во три сетови (6-4, 1-6, 6-1).

Кирстреа одигра два маестрални сетови, кои се покажаа сосема доволни за победа. Во првиот Романката победи со 6-4, додека во решавачкиот трет сет Кирстреа доминираше и го доби со 6-1.

Квитова е втора „жртва“ од фаворитките за висок пласман на Австралија Опен. Прва беше Викторија Азаренка која пораз претрпе во првата рунда.

Циципас ја насмеа публиката на „Род Лејвер“ арената

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас успеа да ја насмее публиката на „Род Лејвер“ арената со искреното и необично интервју после мечот со Жил Симон, кој го доби во три сетови.

Циципас се збуна при првото прашање од официјалното лице, но успеа да се поправи и да го одговори. Потоа рече дека подобро е да игра и да не зборува, затоа што греши, но дека е среќен што успеал да ја насмее публиката на „главниот терен“.

OhridNews