Граѓаните ја сфатија сериозноста на состојбата во која се наоѓа државата и излегоа во огромен број да ја казнат власта и да поддржат обнова, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во обраќањето пред јавноста по завршувањето на изборите.

Најважно од се е дека народот масовно излезе и во огромно мнозинство го даде својот глас, народот се определи, и обновата е нивниот избор . Следува огромна победа на народот против власта, на правдата против неправдите. – рече Јанушев.

Јанушев прогласи победа на ВМРО ДПМНЕ во повеќе општини, меѓу кои и Охрид, Гази Баба, Аеродром, Илинден, Радовиш, Свети Николе, Бутел… и најави дека со тој кредибилитет партијта влегува во компбинација за состав на идната влада.

Јанушев обвини за изборни нерегуларности кои, како што рече се процесуирани до надлежните институции.

Евидентирани се над дваесетина случаи на поткуп, притисоците врз администрацијата беа честа појава, вршено беше и агитирање за време на изборен молк. Сите овие нерегуларности и кривични дела извршени од страна на власта против изборите и избирачкото право на граѓаните се процесуирани до надлежните институции, но и до меѓународната мисија на ОБСЕ и ОДИХР. – посочи Јанушев.

OhridNews