Уште две говеда угинаа од антракс во селото Свети Ѓорѓе во близина на Улцињ, потврди Ветеринарната управа на Црна Гора.

На почетокот на оваа недела беше регистриран првиот случај на говедо угинато од антракс во општината Улцињ. Експертите претпоставуваат дека појавата на антракс би можела да биде последица на големите поплави што го погодија Улцињ во јануари оваа година.

Со бактеријата на антракс може да се зарази и човек, но само преку директен контакт со заразеното животно. Бактеријата на антраксот може да преживее во почвата и до 70 години.

OhridNews
Извор:”Макфакс”