Фудбалерот со офанзивни карактеристики Антонио Каланоски ќе биде нов член на Академија Пандев.
Каланоски заедно со Мартин Мирчевски ќе бидат првите трансфер потези на клубот кој има високи цели за следната сезона.
Охриѓанецот Каланоски се враќа во Струмица, бидејќи минатата сезона го носеше дресот на Беласица. Мирчевски, пак, тимот на Академија Пандев ќе го засили од Вардар.
Александар Васоски ќе остане прв тренер на Академија Пандев, а екипата ќе се засили со неколку странски и домашни фудбалери.
OhridNews