Охриѓанецот Антонио Каланоски е најново засилување за повратникот во македонската фудбалска елита, Беласица.
Офанзивниот фудбалер е трет нов играч во редовите на Беласица. Струмичани до сега се засилија со Арбен Рафа и Бразилецот Робсон да Силва.
Каланоски во редовите на Беласица треба да донесе свежина во нападот, затоа што се работи за квалитетен и искусен фудбалер.. Минатава сезона, Каланоски играше во Лабуништа а во своите нозе има прволигашко искуство играјќи за Победа, Металург и Силекс.
OhridNews