Охридската колонија се зголеми во второлигашот Струга Трим Лум, откако договор до крајот на сезоната потпиша офанзивниот фудбалер Антонио Каланоски.
24-годишниот фудбалер им се придружи на Љупче Трпески и Александар Целески кои се стандарни во составот на амбициозниот второлигаш.
Каланоски кој првата полусезона ја помина во Борец е прво засилување за новиот тренер Александар Танчески кој палката во клубот ја презеде од Неџат Хусеин – Џате.
Првата етапа стружани во Втората лига ја минаа трети низ целта со бод заостанување зад водечки Влазрими и Гостивар, а фудбалерот кој потекнува од Охрид треба да засилување за остварување на целта пласман во Првата лига.
OhridNews