Антонио Додевски – раководителот на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид е дел од новата епизода на „Обични Херои“ во која раскажува за неговите почетоци и иницијативите околу планинското спасување како и почетоците на Планинската спасителна служба.

Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид е доброволна волонтерска организација која делува на регионот околу Охридското Езеро, односно на територијата на општините Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани, Ресен и Поградец.

Искусните алпинисти од алпинистичкиот клуб Патагонија Охрид партнерски со Црвен крст Охрид кои го сочинуваат јадрото на службата, ја развиваат приказната уште од самите почетоци. Службата располага со обучени спасители за делување на комплексен технички терен, како и повеќе од 30 волонтери, искусни планинари, обучени за логистика, пребарување и спасување на нетехнички планински терен.

Во нашата држава сѐ уште има отсуство на разбирање на оваа дејност како професија и како неопходност. Многу често институциите кои се надлежни да водат грижа за безбедноста на граѓаните свесни се дека е потребен систем за планинско спасување, меѓутоа не се свесни за стандардите кои постојат во светот и дека е нужно да се следат тие стандарди и да се применуваат кај нас.

Планинската спасителна служба се доказ за упорна работа, посветеност, безбедност и голема практичност во работите, која веруваме дека секогаш ќе делува на најпрофесионално можно ниво и дека ќе ја има потребната поддршка за да постои и да се доусовршува уште многу години.

Повеќе погледнете во новата епзиода на „Обични Херои“ во која гостин е Антонио Додевски.

Обични херои Е10 – Антонио Додевски

OhridNews