Антонио Бандерас неодамна се развел од Мелани Грифит, и ако може да им се верува на американските медиуми, замена нашол во Шерон Стоун. Пријатели на актерката велат дека со Антонио и Шерон со години се големи пријатели и отсекогаш отворено кокетирале, а сега биле поблиски од било кога. Засега се било опуштено, а од почит кон Мелани не сакаат да се крева голема прашина.
Пријателите додаваат дека без сомнение, искра постои. Во август одат на заеднички одмор. Обајцата биле во брак по два пати и и засега само уживаат и се забавуваат. Антонио и Мелани се развеле после 18 години брак. Грифит рекла дека не и смета обајцата да продолжат понатаму во животот, па и во љубовта.