Шпанскиот актер Антонио Бандерас се појавил на меѓународниот филмски фестивал во Кан со новата девојка Никол Кимпел, прв пат откако минатата година се разведе од актерката Мелани Грифит, пренесуваат француските медиуми. Актерот на фестивалот се појавил како би ги претставило филмот „Платен убиец“ на француско-канадскиот режисер Дени Вилнева, кој се најде во конкуренција за Златна Палма.
Локалните медиуми навеле дека Бандерас се однесувал како вистинска заљљубена личност во присуство на Никол. Холанѓанка која се занимава со финансии. Бандерас и Никол Кепел во април соопштиле дека се во врска, а се запознале минатата година токму на Канскиот фестивал. Актерот минатата година се разведе од Мелани Грифит после 18 години брак.