Холивудскиот актер Антонио Бандерас кој има 54 години во потполност ја преболе поранешната сопруга, актерката Мелани Грифит, а нова среќа пронајде во прегратките на 20 години помладата девојка Никол Кимпел. Антонио и Кимпел се во врска веќе неколку месеци.

 

Првите заеднички фотографии на овој пар настанаа на овогодинешниот филмски фестивал во Кан, кога убавата Никол беше придружба на славниот актер на црвениот тепих. Сега се фотографирани и на италијанскиот остров Искиа, каде парот одмара во друштво на пријателите. Жешкиот летен ден парот одлучи да го мине на јахта во друштво на пријателите.