Шпанскиот актер Антонио Бандерас сака да стане моден дизајнер. Славниот актер веќе се испроба како режисер и продуцент, но сега сака да научи нов занает и да го освои светот на модата. Моментално го посетува училиштето Централ Сент Мартинс, кој се смета за еден од водечките колеџи за моден дизајн во светот, меѓу чии ученици биле и Стела Мекартни и Џон Галијано. Актерот навел дека страста за модата не е нова. Датира од времето кога го лансирал својот прв парфем.

 

Раскажа дека во последниве 19 години работел на неколку парфеми, а тој свет е близок до оној на модата. Во меѓувреме основа и компанија за дизајн. Иако оствари поприличен успех на тој план, Бандерас сака дополнително да се образува. Тој објасни дека веќе научи да креира сопствени кошули. Моментално учи да прави шеми и цртежи, да истражува, како и да шие, што е како што призна, многу потешко отколку што мислел.