Холивудскиот актер Антонио Бандерас ќе го игра познатиот сликар Пабло Пикасо во новиот биографски филм за овој уметник со име „33 dias“. Дејството на филмот ќе го следи животот на Пикасо за време на 33 дена на сликањето на неговото познато дело „Герника“. Филмот нема да биде фокусиран само на креативната работа на Пикасо, туку и на љубовната приказна помеѓу него и французинката Дора Мар.

Бандерас за шпанските медиуми изјавил дека Пикасо е лик кој го прогонувал и досега секогаш одбивал да го игра. Додал дека Пикасо го заслужувал неговото внимание бидејќи бил роден во Малага, само четири блока од местото каде што бил роден познатиот сликар. Снимањето на филмот треба да започне следното лето во Париз и Герника.