Данскиот режисер Бил Август најави снимање на филм за италијанскиот моден креатор Џани Версаче, во кој во главната уолога ќе се најде холивудската ѕвезда Антонио Бандерас. Режисерот на филмскиот фестивал во Капри најави дека филмот за Версаче ќе почне да се снима на пролет. Поради филмот, Бандерас мина одредено време во училиште за дизајн и уметност во Лондон.
Бил изјави дека во филмот ќе биде претставен приватниот живот на познатиот креатор и дека ќе бидат прикажани некои детали кои се помалку познати на јавноста. Да потсетиме, Џани Версаче е роден 1947 година во Италија, и на само 18 години почнал да работи во кројачкиот салон на својата мајка. Првата самостојна модна колекција ја претстави во 1978 година. После една година го отвори првиот бутик со своето име во Милано. После тоа стана популарен ширум целиот свет. Беше убиен во 1997 година пред својата куќа во Мајами.