Антонио Бандерас и Мелани Грифит се и официјално разведени после 20 години брак. Правниот процес траеше повеќе од година дена, а сега е се готово. Треба да им се оддаде признание, бидејќи во текот на целиот процес останаа цивилизирани. За кавга не ни постоеше некоја причина, посебно од перспектива на Мелани Грифит. Имено, доби алиментација од 65 илјади долари месечно, кои треба да и ги плаќа Антонио.

 

Медиумите успеаја да дојдат до документи кои покажуваат колкав господин испадна Бандерас. Иако нивната ќерка Стела веќе наполни 19 години, Бандерас одлучи да и ги плаќа сите животни трошоци и школувањето. Освен тоа, складно со договорот кој го склопија во 2004 година, Мелани и Антонио поделија се што оттогаш до денес заработија во бракот. Околу материјалниот имот лесно се договорија, Мелани го задржа својот накит, облеката и покуќнината, додека Антонио своите мотори и електронски апарати. За да не се скараат, ги поделија сликите од Пикасо, а секој го зел своето Порше.