Антонија Шола се одрече од главната награда на Охрид фест од 20 000 евра, каде ја испеа песната „Божји пат“ посветена на Тоше Проески во корист на снимање на документарен филм за манастирите. Имено, покојниот Тоше често утеха пронаоѓал во манастирот во Крушево.
Шола, која исто така соработуваше со Тоше, го издаде своот нов албум и на македонски јазик. Приходот од неговата продажба според медиумите, исто така ќе го даде во хуманитарни цели. Луѓето од нејзиниот менаџерски тим велат дека Антонија не сака да заработува во Македонија поради името на Тоше, па затоа од се срце ја даруваше наградата.