Хрватската пејачка и актерка, Антонија Шола е севкупен победник на петнаесетото издание на Охрид Фест. Таа ги освои симпатиите на публиката, а беше второнаградена од стручното жири.

Шола ја освои наградата во висина од 20.000 евра колку што чини снимањето на тв спотот кој за победникот ќе го изработи познатиот босански режисер Енвер Пушка.

Второ место од публиката го освои Ристо Самарџиев, а трет беше Влатко Илиевски.

Ohridnews