На Интернационалната вечер на фестивалот “Охрид фест – охридски трубадури 08” ќе настапи и популарната Антонија Шола. Таа ќе ја исполни песната “Божји пат”, а во Охрид ќе пристигне со своето момче и менаџер Лука Цицин Саин. Автор на музиката и текстот на песната “Божји пат” е Антонија Шола, препевот на македонски е дело на Огнен Неделковски, а аранжманот го потпишува Силвио Пасариќ. Со оваа нумера Антонија настапи на Хрватскиот радиски фестивал и освои две награди: награда на читателите на весникот 24 часа и награда на радио слушателите.

Популарната пејачка, актерка и текстописец, ќе има сериозна конкуренција на фестивалот “Охрид фест – охридски трубадури 08”, затоа што во рамноправна борба за фестивалските награди влегуваат и: Ана Николиќ, Ребека Дремељ, Дееп зоне & ДЈ Балтазар, Тања Жагар, Стеван Феди…

Ohridnews