Младиот бразилски крилен напаѓач Антони (22) и официјално е нов член на англискиот гигант Манчестер јунајтед, објави денеска премиерлигашот од „Олд Трафорд“.
Антони доаѓа во Јунјатед од Ајакс, а како што пренесуваат британските медиуми, целиот трансфер е вреден 100 милиони евра.
Бразилецот го носеше дресот на Ајакс од 2020 година кога дојде од редовите на Сао Паоло за 15 милиони евра.
Антони е петто засилување ова лето за Манчестер јунајтед, кој за новите играчи потроши вкупно 240 милиони евра.
OhridNews
Фото: Миа