Во сабота на 5-ти декември, во малата сала на охридскиот центар за култура „Григор Прличев“, ќе гостува женскиот камерен хор “Антивари музика” од Бар, Црна Гора.

Под насловот “Балкански корени” тие ќе одржат целовечерен концерт, кој се организира во рамки на Програмата за обележување на Патронот на Охрид, Св.Климент Охридски.

Концертот ќе започне во 20 часот, а влезот е слободен.

Ohridnews