Собранието на Република Македонија вчера го изгласа новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата.

За членови на Антикорупциската комисија се именувани Горан Миленков, адвокат од Скопје, Игор Тантуровски, д-р на економски науки од Скопје, Најдо Спасевски, адвокат од Скопје, Сузана Таскова Аџикотарева, магистер по казнено право од Скопје, Жаклина Данчевска,  магистер по деловно право од Прилеп.

Според предлог на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, во новиот состав на Антикорупциска се и актуелните Сеиди Халили, дипломиран економист од Тетово и Фарије Алиу, дипломиран економист доктор на економски науки од Гостивар.

OhridNews