Советничката група на ВМРО НП бара Антикорупциската комисија да го преиспита однесувањето на одредени советници, како и на градоначалникот на Охрид Александар Петрески.
Според оваа партија начинот на кој бил донесен Нацрт Деталниот урбанистички план за урбана единица 17 (бараки на „Гранит“ и „ Трудбеник’), е крајно сомнителен, а според ВМРО НП сомнително е и однесувањето и на градоначалникот Александар Петрески, кој како што рекоа од оваа партија , го “бетонизира“Охрид.
„Индикативно е однесувањето на дел од советниците кои само пет минути пред гласањето тврдеа дека Нацрт Деталниот урбанистички план за урбана единица 17 (бараки на „Гранит“ и „ Трудбеник’), е лош и негативно ќе влијае на пошироката околина, а истите тие за време на гласањето бесрамно го кренаа зеленото ливче и го подржаа планот“, рече Томе Гиноски, координатор на советничката група на ВМРО НП.
„спорниот“ Нацрт ДУП за УЕ 17
Поради ова партијата времено ќе ја стопира соработката со т.н. мнозинство во Советот, најави Гиноски. Ќе побараме одржување итна седница на Советот , а не е исклучена и можноста да се побара и негово самораспуштање, додаде Гиноски.
ВМРО НП можеби ќе бара и самораспуштање на Советот
Причина за ваквата реакција на ВМРО НП е донесувањето Нацрт Деталниот урбанистички план за урбана единица 17 (бараки на „Гранит“ и „ Трудбеник’), каде е предвидено да се градат хотели и објекти за времено домување. ВМРО НП најави дека и натаму ќе инсистира петте објекти за времено живеење да се избришат од планот, бидејќи доколку се дозволи тие да бидат изградени ќе се уништи една од последните слободни површини во градот.
Г. Момироски