Државната Комисија за спречување на корупција поднесе прекршочни пријави против директорот и заменик директорот на Затворот во Охрид, Мирче Ристески и Кујтим Ќоку, бидејќи во законскиот рок не доставиле анкетни листови за имотна состојба до Антикорупциската комисија.
Ова денеска на прес конференција го соопшти претседателката на Антикорупциската комисија Мирјана Димоска. Прекшочни пријави по истиот основ Антикорупциската комисија поднела и против директорот за Јавна безбедност во МВР Љупчо Тодоровски, директорот на Управата за цивилна воздушна пловидба Ернад Фејзулаху и против претеникот Даут Реџепи.
Антикорупциската комисија денеска соопшти дека гувернерот на НБМ, Петар Гошев, постапил законски при донесување на одлуката за ликвидација на Македонска банка и дека во случајот со купување на приватно земјиште во Гевгелија не постои судир на интереси.
ohridnews