Државната комисија за спречување на корупцијата на прес конференцијата што вчера се одржа во Скопје изнесе сомневања за незаконски дејанија во Општината Дебрца.

Антикорупциска соопшти дека службени одговорни лица во општината Дебрца во 2006 година сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба“ и донеле одлука и склучиле договор за давање на користење недвижен имот на општината и на државата.

Државната комисија за спречување на корупцијата информираше и за незаконско членување на државни службеници во повеќе од еден управен или надзорен одбор и побара истите да се откажат од дополнителните бенефиции.

Ohridnews