Антикорупциската комисија донесе заклучок за поведување на кривична иницијатива за кривично гонење на поранешниот министер за земјоделство, Ацо Спасеновски за аферата со хидросистемот „Злетовица“, соопшти првиот антикорупционер Илми Селами, пренесува „Макфакс“.

„Тој издал потврда на конзорциумот Гранит и Бетон за која што претходно јапонската фирма на консултанти кажала дека Силекс неметали не е способна да ги изврши потребните работи на ископ и бушење за потребите за изградба на хидросистемот „Злетовица“.

И покрај таквото мислење на консултантската фирма од Јапонија, министерот неосновано издал потврда дека сепак фирмата Силекс неметали е способна да ги изврши предвидените работи во форма на ангажирање на подизведувач.

Интересен момент е тоа што во времето кога јапонската фирма кажала дека не е способна и една поважните причини е тоа што фирмата „Силекс неметали“ била регистрирана како градежна фирма за нискоградба. Соодветно на она што го поседувале како екипираност, како опременост од аспект на работа за потребите на хидросистемот „Злетовица“ не била способна да ги извршува таквите работи и ние побаравме од минситерството за земјоделие да ни кажат врз основа на што е издадена таквата потврда.

„Не успеавме да добиеме содржаен одговор од нивна страна и затоа имаме основано сомнение дека со потпишувањето на таквата потврда всушност е овозможено „Силекс неметали“ неосновано да се ангажира како подизведувач и во тоа својство да прибави имотна корист“ рече претседателот на ДКСК, Илми Селами.

Наспроти комисијата од Министерството излегоа со тврдење дека на комисијата навреме и ги доставиле документите.

Иницијативата ќе биде доставена до јавното обвинителство.

Спасеноски беше поставен за министер за земјоделие од Социјалистичката партија на Љубисав Иванов – Ѕинго. Во меѓувреме, Спасеновски замина на амбасадорско место во Украина, а јапонците се откажаа од иневстрањето во втората фаза на проектот „Злетовица“.

ДКСК минатата недела го отвори и прашањето за случајот со министерката, Елизабета Канческа – Милевска, која по аферата на опозицијата „Патриотска метла“ изјави дека ги вратила парите за кои ја обвинува опозицијата.

Антикорупциска отвори предмет од овој случај и побара да достави документи дали, кога и, колку и како ги примила парите. До денеска нема одговр.

Селами соопшти дека ДКСК собира и документи за случајот со министерот за животна средина, Неџати Јакупи и за овој случај им требаат дополнителни информации и документи.

OhridNews
извор:„Макфакс“