Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ и екипата на Олимпијакос ќе настапат на фајлн форот во Истанмбул кое на програмата викендов. “Црвено белите“ во 1/2 финалето ќе се сретнат со Барселона, која е голем фаворит за пласман во финалето.


Со нетрпение го очекувам дуелот со Барселона во фајнл форот. Поради овие натпревари почнав да се занимавам со кошарката. Иако нашиот противник важи за голем фаворит, ние не се потценуваме. Голем дел од кошаркари во мојата екипа прв пат ќе настапат на завршницата во Евролигата, но тоа не е причина неуспех – истакна Антиќ за Мкд.мк.

Во останатиот натпревар до фајнл форот ќе се сретнат ЦСКА Москва – Панатинаикос.

Мх.П.