Според атмосферата, сплотеноста, тимскиот дух кој владее екипата на Олимпијакос, која во неделата ја одбрани европската титула во многу нешта потсетува на кошаркарската репрезентација на Македонија.

Ова, како што пренесува „Мкфакс“ во изјава за српскиот портал „mondo.rs“ го потврдува и Перо Антиќ, кој имаше исклучителен придонес во екипата, која ја одбраната на титулата.

„Комплетната атмосфера многу, многу потсетува на онаа во репрезентацијата. Во Македонија немаме многу пари, но ние играме од љубовта кон државата, грбот и знамето, бидејќи знаеме што значи тоа. Се забавуваме, се дружиме, гинеме еден за друг. Што да ти кажам, за четвртото место во Литванија добивме по 8.000 евра. Сега луѓето мислат дека во Словенија ќе одиме на медал. Но тоа не е лесно. Од Душан Ивковиќ научив дека на тимот му е потребна програма за работа, како ќе се работи од година до година, за да ти се случуваат осцилации. Се надевам дека сите беа бидеме здрави, без повреди, па ќе се обидеме да направиме нешто. Да видиме дали ќе можеме да го повториме полуфиналето, или ќе биде подобро или полошо од минатиот пат“, рекол Антиќ.

Капитенот на македонската репрезентација не одговорил на прашањето дали и по завршувањето на сезоната ќе биде дел од тимот на Олимпијакос.

Антиќ по Европското првенство во 2011 година потпиша договор со Олимпијакос на една плус една година.

OhridNews
извор:„Макфакс“