Антиќ за Олипијакос каде ќе настапува во наредните две сезони , се одлучил по разговорот што го имал со српскиот селектор Дуда Ивковиќ, за кого имал високо мислење.
– За мене е голема чест што ќе играм за еден голем тренер како Ивковиќ. Иако имам 29 години, можам уште да напредувам и да учам од ваков тренер. – вели крилниот центар.
Антиќ имаше сезона за паметење откако го освои Купот на Русија, а со репрезентацијата направи огромен успех завршувајќи на 4 . место.