Капитенот на репрезентацијата Перо Антиќ на денешната пресконференција одговарајќи на новинарско прашање „дали Владо Илиевски по поразот од Доминиканска република, во соблекувалната на соиграчите им рекол дека ќе се збогува со националниот тим“, рече дека не може да каже што се случува во соблекувалната.

„И да го кажал тој во соблекувалната и да не го кажал, ние нема да го кажеме тоа тука. Ние имаме наши работи кои остануваат меѓу нас и се договараме за тие работи. Имаше и шпекулации дека многу повеќе луѓе ќе се пензионираат. Изгледа некои луѓе знаат повеќе од нас што се случува во соблекувалната. Нека продолжат да шпекулираат“, заврши Антиќ

“макфакс“