Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ по завршување на мечот откри дека имало судиска завера против нашата земја на мечот со Литванија, кој Македонија го загуби со 75-67.


– Не сакам да барам алиби за поразот бидејќи имавме пропусти во играта, но морам да ја нагласам ролјата на судиите. Особено на шпанскиот судија Артеага, кој на пријателските средби што ги игравме пред извесно време со репрезентацијата од неговата држава ни се закани дека ќе видиме во Словенија и навистина видовме. Тој на крајот беше најважната фигура на теренот, а не играчите, а неговите одлуки беа на наша штета. Ова, заедно со вчерашните случувања даваат многу лоша слика за досегашниот дел од ЕП – истакна Антиќ, пренесува „Мкд.мк“.

Мх.П.