Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ слета во јатото на „јастребите“ во НБА лигата и само ситни детали го делат од потпис на двогодишниот договор.


Антиќ во првата сезона има загарантирана плата од 500 000 евра, што е минималец во НБА лигата, а шпекулациите кажуваат дека тој ќе потпише милионски договор.

По официјализирање на трансферот Антиќ ќе се врати во Македонија каде ги одработува подготовките со репрезентацијата за престојното Европско првенство во Словенија.

Мх.П.