Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе третиот пораз во четвртиот натпревар на Европското првенство во Словенија. Подобро од „црвено жолтите“ беа кошаркарите на Босна и Херцеговина 62-54, но вината за поразот капитенот на „фаланта“ ја побара кај селекторот Алеш Пипан.
– Неиграњето на повредениот Ѓорѓи Чековски ни ја ослабе ротацијата и тоа се почувствува во играта. А, одговорот на тоа зошто игравме лошо го има само селекторот. Отсега само Летонија ни е во мислите. Ќе одиме на победа, а потоа ќе размислуваме за комбинаториките со меѓусебните средби. Не е се загубено, но ќе мора да заиграме подобро – рече Антиќ по завршување на мечот.
Само теорија и преостанува на Македонија за пласман во втората фаза од Евробаскетот во Словенија.
Мх.П.