Ја пропушти речиси цела минатата сезона поради повреди, а својата глад за кошарката ја покажа на петте пријателски натпревари што репрезентацијата на Македонија ги одигра во рамките на подготовките за настап на Европското првенство (ЕП) во Полска (7-20 септември).
Станува збор за Перо Антиќ, кој покрај по спектакуларните потези со кои ги плени љубителите на кошарката, е познат и по многуте тетоважи на своето тело. Членот на рускиот прволигаш Локомотив Ростов има вкупно 11 тетоважи, а најголемиот дел од нив се поврзани со неговото семејство, но и со религијата. За „Ohridnews“ тој делумно го открива значењето на дел од нив.
– Секој на свој различен начин ги гледа и ги толкува тетоважите што ги имам. Сепак, само јас најдобро знам што тие значат. Секоја од нив е поврзана со моите најблиски, или, пак, со работи што многу ми значат во животот. На пример, последната тетоважа што ја имам преку целото рамото е насловена како „помеѓу рајот и пеколот“. На неа има дете кое е вклештено во борба со ѓаволот и ангелот – Антиќ ни открива дел од своите тајни.
Кошаркарска топка и знаци кои ги симболизираат неговите карактеристики тој има истетовирано на левата нога. За Антиќ една од главните причини за шарањето на своето тело е и пријателството со поранешниот соиграч од таборот на белградска Црвена Звезда, српскиот интернационален Милан Гуровиќ.
– Па пред да дојдам во Звезда имав само една, а погледнете колку имам сега. Гуровиќ ме запозна со овој вид уметност, која постепено ме маѓепса и мене – дополнува Антиќ.
Македонскиот кошаркарски репрезентативец вели дека не планира своето тело да го збогати со уште една тетоважа во случај да успееме да ја победиме Грција во првиот меч од ЕП во Полска. Тоа, тој им го препушта на тие што ги водат преговорите за името.
Денес со почеток во 12:00, во ООУ „Братство Единство“ Охрид, почнува Пионерската лига Охрид 2025 во шах во организација на ШК „Ласкер“ Охрид во соработка со Сојузот на училишни спортови Охрид На Пи...
Ракометарот на ГРК Охрид, Никола Шипинкоски, остатокот од сезоната 2024/2025 ќе го доигра во екипата на РК Прилеп, информираат од ГРК Охрид По завршувањето на сезоната, Шипинкоски ќе и се приклучи ...
Во рамки на 16-то коло од Втората кошаркарска лига кошаркарите на Охрид гостуваат во Скопје кај КК МЗТ Скопје – Уни Банка Натпреварот ќе се одигра во недела, 2-ри март, со почеток во 16:30 ча...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.