Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ се раздели со рускиот клуб Спартак Санкт Петербург.

На официјалната интернет страница на клубот од Санкт Петербург во веста под наслов „Ти благодариме Перо!“, стои дека со истекувањето на договорот, завршуваат и обврските на играчот кон клубот.  „Му благодариме на Перо за игрите во Спартак и му посакуваме успех во иднина, во клубот и во репрезентацијата на ЕП“, стои на сајтот на Спартак.

Ohridnews