Кошаркарот на Атланта Хоукс, Перо Антиќ беше дел од шампионската прослава на Црвена Ѕвезда, која стана првак во Србија совладувајќи го Партизан во финалето.


Македонскиот интернационалец во краткото интервју за српските медиуими прокоментира за неговата иднина и финалниот дуел меѓу Ѕвезда и Партизан.

– Секогаш постои можност и се е отворено околу мојата иднина. Верувам во мојот агент Миодраг Ражнатовиќ, кој ми направи пресврт во мојата кариера. – рече Антиќ и додаде – Црвена Ѕвезда направи квалитетен тим. Секој си знае што треба да прави на паркетот и очигледно дека функционира добрo.

Антиќ во „Пиониор“ беше дочекан со аплауз од „делиите“, а затоа рече : Само Ѕвезда и Олимпијакос имаат вакви навивачи. Ова треба да се доживее, не се опишува со зборови.

Ohridnews