Перо Антиќ против актуелниот првак Мајами го имаше своето неофицијални деби во НБА лигата. „Жешките“ успеаја да ја совладаат Атланта со 92-87, а македонскиот интернационалец постигна три поени за 15 минути колку што помина паркетот.
Корпулетниот кошаркар пред почетокот на Европското првенство го реализираше трансферот во НБА со што стана првиот Македонец, кој настапува во најсилната америчка лига.
За кошаркарите на Атланта и Антиќ нема одмор и пауза бидејќи за нив следува вториот претсезонски дуел овој пат со Шарлот.
Мх.П.