Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ со Олимипијакос ја освои лигата. Во мајсторката за титулата тие беа подобри од Панатеникос со 82-76.


Антиќ за 17 минути минати на паркетот реализираше три поени и имаше два скока. За Олимпијакос ова е прв трофеј по пауза од 14 години.