Перо Антиќ беше меѓу првите кој се oдзва на повикот на селекторот Марин Докузовски на подготовките за новиот квалификациски циклус. По штотуку завршената сезона, пред македонските репрезентативци е нов предизвик , мисијата “Литванија 2011“.
– Се јавив малку порано чисто поради себе, со цел да влезам што побрзо во форма. За нас ова сигрно дека ќе биде долго лето, треба да се подготвиме максимално за да направиме уште еден историски успех трет по осамостојувањето во Македонија да бидеме дел од европскиот кошаркарски крем – вели Антиќ кој се надева дека на крајот сите ќе бидеме среќни.
По пензионирањето на капитенот Врбица Стефанов, корпулентниот Антиќ се очекува да биде новиот предводник во националниот состав . Капитенската лента која дополнително “тежи“ на дресот на репрезентативецот , е предизвик за еден кошаркар кој ќе треба да ја поведе селекцијата кон нови победи.
–
Во нашиот колектив капитенската лента не преставува некоја тежина, овај тим го краси компактноста и тоа што има многу капитени , кој и да биде капитен, за кого и да се одлучи стручниот штаб јас со задоволство би го прифатил, ако ме одберат мене со гордост ќе ја прифатам одговорноста – истакна 209 цм високиот Антиќ .
Претходно тоа беше Наумоски, потоа Стефанов, додека сега се очекува Антиќ да биде лидер на новата генерација. На последниот континетален собир во Полска, на кој Македонија заврши на деветта позциија тој на шесте одиграни натпревари просечно постигнуваше по 12,5 поени и имаше 6,7 скока.
– Јас сум подготвен да одговорам на предизвикот, јас сум бил лидер и во периодот кога играше Стефанов, кога игравме во Б дивизијата па преку квалифкации за ЕП, па и на европското првенство во Полска, така што тоа ќе биде нов предизвик за мене, јас не бегам од предизвици напротив тие дополнително ме мотивираат – вели Антиќ, кој смета дека се уште е рано да се зборува за нашите шанси за пласман на ЕП.
Неизвено е каде ќе настапува наредната година, разврската ја очекува за десетина дена, не ја исклучува можноста да остане во бугарскиот Лукоил Академик, но и да ја побара среќата во нова европска средина.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com