Антиќ тимот на Олимпијакос го засили по завршувањето на Евробаскетот во Литванија каде Македонија го освои четврото место.
Во двете сезони колку што настапува корпулетниот кошаркар во „црвено белиот“ дрес стигна до две титули во Евролигата и една во домашниот шампионат.
Од поодамна за услугите на Македонецот се интересира руска ЦСКА Москва, а тренерот Еторе Месина веќе направил почетни разговори за ангажман на Антиќ.
Исто така една од опциите за Антиќ да се пресели во турскиот Фенербахче каде настапува натурулизираниот Македонец, Лестер Бо Мекклејб.