Поранешниот капитен на македонската репрезентација на Македонија, Перо Антиќ, уште еднаш потврди дека нема да биде дел од националниот тим на престојното Европско првенство.

Во интервју за порталот „24sata.rs“, крилниот центар кој со Атланта играше во финалето на Источната конференција во НБА лигата меѓудругото рекол и дека совршен крај на наговата кариера би бил да се врати во Црвена ѕвезда и со овој тим да ја освои Евролигата.

„Имам 33 години и мое мислење е дека по Европското првенство во 2011 година само и пречам на репрезентацијата. Време е за смена на генерациите, имаме млади играчи кои навистина заслужуваат да го носат дресот на Македонија и не би било фер јас да им го земам местото во тимот. Покрај тоа имав три операции и при крајот на кариерата сум, сметам дека направив доволно за репрезентацијата. Минатата година момците изборија одличен пласман, а оваа можат да бидат само подобри“, рекол Антиќ.

Перо Антиќ, заедно со Василис Спанулис и тренерот на Олимпијакос Милан Томиќ, од 29.јуни до 3.јули во Белград ќе биде гостин на „Superstars basketball“ кампот.

„Макфакс“