Македонскиот интернационалец во НБА лигата, Перо Антиќ неделава се најде во центарот на вниманието откако беше приведен па пуштен од американската полиција.
Антиќ, не учествуваше во крвавата пресметка во ноќен клуб во центарот од Њујорк, но беше приведен под наводите дека ја попречувал полицијата.
Кошаркарот на Индијана, Крис Коупленд беше прободен со нож, а соиграчот на Антиќ, Тибо Сефолоша заврши со скршеница на ногата по борбата со полицијата.
Македонецот во интерјву за „Гласот на Америка“ ја објасни целата ситуација и ги обвини македонските медиуми за превртување на ситуацијата.
Ohridnews