Најголемата подршка од клупата македонските кошаркарки ја добиваат од поранешниот капитен Јелена Антиќ која пожртвувано ги бодреше своите колешки. На најдобрата кошарка од изминатите две првенства тешко и паѓа седењето на клупата.


–    Многу е тешко да гледам а да не можам да ништо да направам. На жалост тоа е реалноста но јас сум, тука за да им ја дадам потребната подршка. Тешко им е што неможам да игра бидејќи секој играч носи посебно искуство, посебно што на овие шампионати одиграв добро во изминатите две години и повеќе од добредојдена ќе беше мојата помош. Но тоа се млади кошаркаки кои се борат на теренот, даваат се од себе, па на крајот ќе го видиме кончениот исход – потенцираше Антиќ.

Македонија вечерва во 18.45 е аутсајдер во мечот против селекцијата на Шведска.

М.П.