Kапитенот на македонската кошаркарска репрезентација Јелена Антиќ е најдобар скокач по првиот дел од евробаскетот во Охрид. 

Антиќ со просечни 10 скока по натпревар ја предводи листата на кој уште се и холаѓанката Де Рос и словакињата Лукачовикова со 9.8 скока просечно по натпревар. 

Антиќ најмногу топки собра на мечот со Израел (18), девет против Холандија, само шест против Романија и седум против Словачка.
фото: Емилио

Ohridnews