Олимпијакос со 68-64 ја совлада фаворизираната Барселона, и обезбеди пласман во големото финале. Противник на Антиќ, Спанулус, Дорси и другарите ќе им биде руската машинерија ЦСКА која со тесни 66-64 триумфираше над бранителот на трофејот Панатинаикос.
– Чувството е неверојатно да се пласираш во финалето од Евролигата. На почетокот на сезоната имав многу понуди, но сега се гледа дека ја одбрав вистинската. Хемијата во клубот е завидно ниво, ние сме пријатели во и надвор од теренот. Посебна благодарност до нашата публика, која на целиот натпревар ни беше ветар во грбот. Последната пречка до златниот медал ЦСКА е многу квалитетна екипа можеби и најквалитетна, но ние подговтвени ќе влеземе во мечот – заврши Перо Антиќ, кој во 1/2 финалето постигна четири поени, а додаде уште два скока и еден блок.
Финалниот меч од Евролигата, се игра в недела во 20 часот.