Кошаркарите на Атланта со пораз во Далас ја завршија претсезоната во НБА лигата. Новиот тим на Перо Антиќ, во претсезоната одигра седум натпревари, на кои забележа само една победа.
Перо Антиќ, во поразот на Атланта од Далас 88-98, партиципираше со 2 поени, 8 скока, 3 асистенции и по една украдена и загубена топка.
Поранешниот македонски репрезентативец постигна два поени од линијата за слободни фрлања, додека од поле не погоди нити еден од шестте обиди.
На мечот со Далас, во тимот на Атланта не настапија Ал Хорфорд, Џеф Тиг и Клај Корвер, во нивно отсуство најефикасен играч на Хоукси беше Денис Шредер со 21 поен. Далас го предводеше Дирк Новицки со 17 поени. Екипата на Атланта, во новото првенство ќе стартува на 30.октомври кога за противник ќе го има Далас.
„Макфакс“