Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ, никогаш не криел дека е голем навивач на Црвена звезда, екипа чии дрес го носеше во периодот од 2005 до 2007 година.


Антиќ по заминувањето од Белград своето тело го збогати со голем број на тетоважи, последен во серијата тетоважи е грбот на навивачката група на Црвена звезда – Делије север.

Антиќ тетоважата ја покажа на својот Твитер профил. Инаку македонскиот репрезентативец, во кариерата покрај во Црвена звезда има играно во Работнички, АЕК Атина, Академик Согија, Локомотив Кубан, Спартак Санкт Петербург и Олимпијакос со кого во изминатите две сезони ја освојуваше титулата во Евролигата.

„Макфакс“