Поранешниот репрезентативец и капитен Перо Антиќ во тимот на Атланта Хоукс ја „троши“ втората сезона во најсилната кошаркарска лига (НБА).
Сезонава од минатата Антиќ има послаб личен учинок, но екипата има скор од 40 победи и 8 порази и ја зазема првата позиција на табелата во НБА.
– Антиќ игра констатно на едно високо ниво за разлика од некои кошаркари кои почнуваат експлозивно и потоа паѓаат. Тој е важна алка за тимот, а пред се е добра и позитивна личност – рече помошникот на првиот тренер, Невен Спахија.
„Јастребите“ се во неверојатна серија од 19-ет победи и се најголемо изненадување во лигата бидејќи амбициите пред почетокот им беа пласман во плејофот.
– Македонскиот кошаркар е невиден уникат во НБА лигата. Тој игра на центарската позиција, а има одличен и прецизен шут од далечина што е реткост. Со негови две или три тројки мечот сигурно добива нова димензија затоа и корисен за екипата – додаде аситентот.
Антиќе беше дел од македонската репрезентација која на Европското првенство во Литванија го освои историското четврто место.
Мх.П.