Поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ ја напушти НБА лигата и се врати во Европа потпишувајќи договор со Фенербахче. Антиќ во интервју за американските медиуми ги откри причини за заминување од најсилната лига во светот.


– НБА лигата беше моја голема цел во животот и многу сум среќен што успеав да играм таму. Исто така бев прв Македонец кој заиграл и се надевам оти нема да бидам последен. Напуштањето на Атланта беше тешка одлука од повеќе причини. Со играчите не бевме заедно само на теренот туку преку целата година и создавме неверојатно тимска хемија. – рече Антиќ.

Одлуката да се врати во Европа Антиќ ја донел поради семејството кое било многу далеку од него. – Не мора на никој да му кажам што значи семејството. Тука лежи мојата одлука за враќање во Европа.

Македонскиот интернационалец заедно со останатите кошаркари во Атланта имаа историски успех освојувајќи ја првата позиција во источната конференција со рекордни победи.

Ohridnews